Чупиќ: ЕХФ има двојни стандарди! Како можеше Тотенхем да игра во Скопје, а Елверум – не?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ имаше остри критики за ЕХФ, откако Европската ракометна федерација одложи два натпревари на „црвено-црните“ во Лигата на шампиони.

Актуелниот европски првак веќе две кола не игра во елитното натпреварување затоа што Елверум и Пик Сегед од одредени причини не можеше да настапат.

„Тоа нема никаква смисла, работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата. Подобро воопшто да не се игра ако е вака, бидејќи не е регуларно. Жално е што на сето ова молчат клубовите и играчите, тоа никако не е во ред, бидејќи на крај тоа нив ќе им се одбие од глава со ваков ритам на играње. Клубовите од ЕХФ не добија ништо за поддршка во време на корона кризата, а со ваков однос од нивна страна, работата само им се отежнува. Зошто Елверум не може да дојде во Скопје, а Тотенхем можеше да игра против Шкендија. Ова нема смисла. Или нека се прекине или сите сакаме исти услови“, кажа Чупиќ.