Цела Италија се збогуваше со Паоло Роси, а крадци му го ограбиле домот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер Паоло Роси почина пред неколку дена, а вчера беше погребан во Виченца, но додека траела церемонијата неколку крадци влегле во неговиот дом и го ограбиле.

Италијанските медиуми откриваат дека се украдени лични предмети на поранешниот фудбалер, меѓу кои и негов часовник.

Грабежот во полиција го пријавила неговата сопруга, кога се вратила од погребот на Роси и била шокирана од тоа што го забележала, па сега на полицијата останува да го расчисти случајот и да ги пронајде крадците.