Дали е можно? Балотели имаше страшно промашување против Интер (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер славеше против Бреша со 2-1 во 10. коло од Серија А, па така се искачи на првото место во шампионатот, но на почетокот на второто полувреме Бреша беше подобра, но не искористија неколку добри шанси.

Марио Балотели во 73. минута имаше неверојатна шанса пред голот на Интер од која полесно беше да се погоди, отколку да се промаши.

Сепак, напаѓачот на Бреша по нафрлувањето од корнерот испрати удар со глава, а Самир Хандановиќ го одбрани шутот, по што Балотели стигна до одбиената топка, но ја испрати во „облаци“.

Балотели летово стигна во Бреша, но постигна само еден гол и се мачи да ја пронајде вистинската форма.