Де Лаурентис загрижен за ситуацијата - итно разговарал со Ањели!

Италијанските медиуми објавија дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис разговарал со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели за да се одложи мечот од третото коло во Серија А меѓу двете екипи.

Де Лаурентис е загрижен дека во неговата екипа има голем број заразени со ковид-19, па смета дека ќе остане без многу фудбалери за дербито, а притоа и играчите на Јувентус се под ризик да се заразат од вирусот.

Засега не е познат одговорот на Ањели, а според правилата на италијанската калчолига, секој тим има право да побара одложување на натпревар доколку има 10 или повеќе заразени во истата недела кога се игра натпреварот.