Дејан Станковиќ на „Маракана“ носи поранешен капитен на Србија и Челси?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот шампион Црвена Звезда е подготвена да прави промени во екипата, која не обезбеди нокаут-фаза во Лигата на шампиони, па решија на тренерското место да го ангажираат Дејан Станковиќ.

Но, српскиот тим не планира тука да застане, а руските медиуми тврдат дека Станковиќ во Белград сака да го врати Бранислав Ивановиќ, кој во моментов настапува за Зенит Санкт Петербург.

Ивановиќ во јуни би можел да пристигне на „Маракана“ како слободен фудбалер, кога ќе му заврши договорот со Зенит, кој нема намера да му ја продолжи соработката.

Ц. Звезда почна да го реконструира тимот, а најголема промена е секако заминувањето на Владан Милојевиќ и ангажирање на Дејан Станковиќ како тренер.

Управата најави дека ќе заминат и многу фудбалери, а на пролет ќе се знае кои ќе бидат на листата за отстрел.