„Денис Тот немал наркотични супстанции во крвта, МВР ќе води специјална истрага“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот медиум „Вечерњи“ контактирал со македонскиот амбасадор во Хрватска, Фетаи, како и со хрватската амбасадорка во Македонија, Тигањ, по што ги објави нивните изјави во врска со случајот на ракометарот Денис Тот.

Тот го загуби животот откако бил пронајден во тешка здравствена состојба пред ноќен клуб, а докторите и покрај интервенцијата не успеале да го спасат.

„Се води детална истрага. Срцето на Денис запрело, но едно е сигурно, а тоа е дека немал наркотични супстанции во крвта“, кажал македонскиот амбасадор.

„Контактиравме со сите институции, а МВР состави посебна екипа која ќе работи на расчистување на случајот“, кажа Тигањ.