Дерби Мерсисајд околу дефанзивец на ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата тима кој важат за можеби и најголеми ривали на англискиот фудбал се наоѓаат во борба за потписот на фудбалерот на Светците.

Ливерпул и Евертон се на потег, бидејќи нивната стара „мета“ Преснел Кимпембе одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Овој 20-годишен ретко добива шанса на „Паркот на Принцевите“ бидејќи одигра само седум лигашки натпревари за шампионот на Франција.

Тој под договор е до 2018 година, но според наводите на „Л`Екип се одлучи  да не ја продолжи соработката со Парижаните.

Тоа ќе ги израдувса „Карамелите“ и “Редсите“ кои во минатото беа заинтересирани за услугите на младиот дефанзивец.

Управата на  „Светците“ беше спремна и да му понуди зголемување на платата, но сфати дека нема да има шанса да заигра ни кај Емери, Кимпембе се одлучи да одбие продолжување на соработката.

Сепак, сега сериозен интерес покажа и Монако, и клубовите од Мерсисалд ќе имаат нова пречка кон обезбедување на услугите јна талентираниот стопер.