Деталите за „војната“ на Пеп Гвардиола и легендарниот доктор на Баерн конечно се појавија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долгогодишниот доктор на Баерн, Ханс-Вилхелм Мулер-Волфхерт ќе ја заврши својата работа во клубот на крајот на сезоната.

Тој веќе беше на работ да го напушти клубот еднаш, во ерата на Пеп Гвардиола, и сè се случи во 2015. година, по голема кавга меѓу двајцата.

“Кога ќе ги погледнам моите 40 години поминати во Баерн, среќен сум и задоволен. Искуството што го стекнав овде, успесите и пред се луѓето со кои се запознав, имаа влијание врз целиот мој живот”, рече Мулер-Волфарт.

Само еден човек успеа да го налути овој доктор, а тоа беше Шпанецот, Пеп Гвардиола во времето кога беше тренер на Баерн.

“За прв пат после толку време поминато овде, врескав. Седевме на голема маса каде што фудбалерите појадуваа. Садовите беа сè уште таму. Се чинеше дека ќе се разговара, но беше страшно. Го изгубив самоконтролата, викав кон Гвардиола, и конечно ја удрив масата со тупаница, така што садовите летаа низ просторијата “, вели докторот на Баерн.

Набргу потоа, Мулер-Волфхерт, како и тројца други лекари, решија да го напуштат тимот на Баерн, а тоа се случи по натпреварот во Лигата на шампионите против Порто.

Баерн потоа загуби со 1-3, беа повредени Швајнштајгер, Бенатија, Рибери, Робен, Хави Мартинез и Давид Алаба.

„Тој нè обвини за поразот од Порто. Тој рече дека има премногу повредени играчи и тие не се во добра форма, па решивме да одиме“, заврши Мулер Волфхерт.