Дилејни не знае што го снајде: Димитријевиќ го има најдобриот потег во Шпанија (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во поразот на Хувентуд против Барселона направи мајсторски потег, кој не се гледа секој ден на кошаркарските паркети.

Навивачите паднаа во транс по потегот на Македонецот, а жртва на Димитријевиќ му беше Маркус Дилејни, кој не знаеше што го снајде по мајсторијата на нашиот кошаркар.

Денеска пишува цел Балкан за мајсторијата на македонскиот кошаркар, а има и зошто бидејќи потегот на Димитријевиќ е дефинитивно еден од најдобрите сезонава во Шпанија, ако не и најдобар.