Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот клуб официјално потврди дека соработката меѓу двете страни е завршена. Според информациите објавени од клубот, раскинот на договорот вклучува и финансиска компензација за Зенит.
Димитријевиќ пристигна во Санкт Петербург пред почетокот на минатата сезона и во дресот на Зенит одигра 10 натпревари во ВТБ-лигата. За тоа време бележеше просек од 11,5 поени, 5,7 асистенции и 2,9 скокови по натпревар.
Во текот на јануари македонскиот плејмејкер беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, каде што ја доигра сезоната, а по неколку месеци неизвесност, рускиот клуб донесе одлука за предвремен прекин на договорот.













