Димитријевиќ со неверојатен потег покажа зошто е важен играч во Хувентуд ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжи со неверојатните игри во новата сезона во дресот на Хувентуд, а синоќа беше еден од најважните кошаркари во победата против Андора од 89-87.

Димитријевиќ на теренот мина 28 минути и постигна 12 поени, седум асистенции и три скокови, а имаше и фантастичен кош во последната минута од натпреварот, со кој го доближи Хувентуд до посакуваната победа.

Хувентуд сезонава игра многу добро, па запиша три победи на четири натпревари во шпанската лига.