Димитров пристигнал во Задар со симптоми и ги загрозил сите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Григор Димитров стана најверојатно најпознатиот Бугарин во Хрватска, откако поради неговиот позитивен тест на коронавирус беше откажано финалето на турнирот во Задар.

Димитров одигра само еден меч против Борна Чориќ, кој исто така беше заразен и загуби, а потоа го напушти турнирот затоа што не се чувствувал добро.

Меѓутоа, Димитров уште кога пристигнал во Задар ги имал симптомите, но не пријавил ништо на докторите.

Од друга страна, Горан Иванишевиќ пријавил дека има симптоми, па медицинската екипа веднаш му направила тест, кој на крајот беше негативен.

Димитров на организаторите им јави дека има позитивен тест, преда да објави на Инстаграм, а тоа ги шокираше сите присутни на турнирот.