Династијата Малдини испиша историја во Италија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Династијата Малдини продолжува да испишува историја во Италија, откако Даниел Малдини стана член на третата генерација која го носела дресот на „аѕурите“.

Даниел влезе во игра против Израел во второто полувреме и така им се приклучи на неговиот татко Паоло и дедо Чезаре кои го носеа дресот на Италија во минатото.

Паоло за Италија одигра 126 натпревари и во репрезентацијата помина 14 години, а се наоѓа на третото место по бројот на настапи.

Од друга страна Чезаре запиша само 14 настапи, но беше и селектор на Италија од 1996 до 1998 година.