„Добивав “ќотек” од Манџукиќ, па Гвардиола го смируваше“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренингот со Марио Манџукиќ за поранешниот фудбалер на Баерн, Јан Кирхоф значеше – болка.

Кирхоф се сметаше за голема германска надеж, Баерн го донесе во 2013. година од Мајнц како некој што треба да ја држи одбраната, но нешто тргна наопаку во неговиот развој.

Многу брзо Кирхоф го напушти Баерн и во меѓувреме заврши во 3-та лига таму, поточно во Уердинген, но времето поминато во редовите на германскиот шампион се уште се памети и денес.

Неговото прва асоцијација е – Марио Манџукиќ.

“Тренинг натпреварите против Манџукиќ значеа болка. Тој секогаш одеше до максимум. Кога и да сакав да ја шутирам топката, тој ќе ми беше на нозе. Не само јас, тој ќе скокаше на сите одбрани, дури и на тренинзите не можеше да издржи порази”, низ смеа раскажуваше Кирхоф, а потоа продолжи:

„Јас сум дефанзивец и тој одеше по мене на секоја тренинг сесија. Беше многу тешко да тренирам со него. Тој физички би ве казнил“.

Тој вели дека тогашниот тренер Пеп Гвардиола не го пропуштил ниту тоа.

.„Сеуште се сеќавам на денот кога Гвардиола му пристапи и рече:‘ Можеби може да ставиш во помала брзина и да не бидеш толку агресивен во тренингот “, додаде 29-годишниот Кирхоф.