Дончиќ призна: Јокиќ е најдобар кошаркар во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е одличен и на почетокот на новата сезона во НБА-лигата, а пред неколку дена во триумфот против Далас маверикс постигна 33 поени.

Тоа беше интересна пресметка затоа што се сретнаа и Јокиќ и Лука Дончиќ, кои се големи пријатели.

„Мислам дека сите беа свесни за него и пред МВП-наградите и НБА-финалето. Во моментов Јокиќ е најдобар кошаркар во светот. Тој е одличен и секогаш е забавно со него на теренот. Секогаш се шегуваме со него“, вели Дончиќ.