Дончиќ за малку ќе урнеше рекорд од Олимписките игри во 1988


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарен Бразилец го држи рекордот по број на поени во еден кошаркарски меч на Олимписките игри.

Оскар Шмит во 1988 година во мечот меѓу Бразил и Шпанија постигна 55 поени и тоа останува рекорд на Олимписките игри.

Дончиќ беше многу блиску да го урне рекордот на игрите, и тоа во неговото деби откако постигна 48 поени против Аргентина.

Дончиќ имаше 31 поен до полувреме и ако играше повеќе време во последната четвртина, тогаш сигурно ќе го урнеше рекордот на Бразилецот.

Но, Дончиќ ќе има шанса да го надмине рекордот на Шмит. Словенија во групната фаза ќе игра уште против Шпанија и Јапонија.