Драма со среќен крај: Тенисер роден во Скопје падна на терен, па плачеше од болки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американецот Стефан Козлов, кој е роден во Скопје, ќе го памети натпреварот против Григор Димитров поради победата од 2-0 во сетови, односно 2-1 во сетови, но и тоа што му се случуваше во финишот на вториот сет.

Козлов играше одлично против Бугаринот и го доби првиот сет со 10-8 во тај-брејк, а во вториот сет имаше водство од 5-3, меѓутоа потоа падна на теренот и почна да плаче од болки откако му се згрчија нозете.

Повеќе од една минута Козлов не можеше да стане од теренот, а тоа ги загрижи сите на трибините, кои не знаеја што точно му се случува на американскиот тенисер.

Бугаринот го доби вториот сет со 7-5, но потоа Козлов се врати во игра и го реши Димитров со 6-3 во решавачкиот сет за да обезбеди пласман во следното коло.