Драма во семејството Пикфорд: Голманот не може да спие мирно, ангажирал и обезбедување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерлигашкото дерби меѓу Ливерпул и Евертон го одбележа тешка повреда на Вирџил Ван Дајк, кој се судри со голманот на ривалот, Џордан Пикфорд.

Деталните прегледи покажаа дека Ван Дајк ќе мора да паузира најмалку шест месеци, а Пикфорд му се извини на дефанзивецот и му кажа дека му е жал поради повредата, но тоа предизвика револт кај навивачите на Ливерпул.

Пикфорд добива закани по неговиот живот секој ден, но ниту неговото семејство не може да спие мирно поради навивачите на противникот.

Англискиот голман поради тоа ангажирал обезбедување, кое ќе треба да го чува него и неговото семејство 24 часа дневно.