ЕХФ без реакција: Вардар нема да игра против Пик Сегед?

Вардар нема да го одигра ниту мечот против ПИК Сегед во ракометната Лига на шампиони, откако се појавија заразени ракометари во противникот на македонската екипа.

ЕХФ уште е без реакција за мечот меѓу Вардар и Пик Сегед, но „црвено-црните“ ги откажаа тестирањата и тоа може да значи дека средбата ќе биде одложена.

ПИК Сегед има речиси половина заразен тим со ковид-19, а ова воедно ќе биде и втор меч на Вардар по ред кој е одложен поради истата причина.