ЕХФ ја одби жалбата: Драган Начевски не се спаси од суспензија!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поранешниот македонски судија Драган Начевски ќе мора да ја издржи двегодишната суспензија откако неговата жалба беше одбиена од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Начевски беше суспендиран откако данската телевизија „ТВ2“ објави видео-снимка на која се гледа дека кинески бизнисмен му нуди поткуп на Македонецот кој веднаш го одби.

Иако Начевски го одби поткупот од Кинезите, сепак е прогласен за виновен затоа што случајот не го пријавил во ЕХФ.