Еклстон: Немате вие ма*иња за такво нешто, тоа е кралски дијамант!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Формула 1 од својот календар би можела да ја исфрли трката во Монако, која минатиот викенд не беше интересна поради временските услови. А притоа се случи и сериозен инцидент во кој болидот на Мик Шумахер беше распарчен на ва дела.

Поради тоа што трката во Монте Карло е во опасност, поранешниот претседател на Ф1, Берни Еклстон кажа дека нема шанси Монако да биде исфрлен од календарот, иако многумина веруваат во тоа.

„Не мислам дека некој има ма*иња да му ја одземе трката на Монако. Без разлика дали е најдобра или најлоша трка, тоа е кралски дијамант. Сите во Монако се убедени дека нема никаква драма, не гледам каде е проблемот“, вели Еклстон.

Трката во Монако се вози уште од далечната 1929 година, а најдобар возач во историјата на патеката е Ајртон Сена, кој славеше шест пати.