Ембид постигна 70 поени против Сан Антонио (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МВП-кошаркарот од минатата сезона, Жоел Ембид блесна во победата на Филаделфија против Сан Антонио од 133-123, а одличен меч имаше и Таунс против Шарлот, иако неговата Минесота загуби со 125-128.

Ембид одигра неверојатен натпревар и постигна 70 поени и 18 скокови против Сан Антонио, додека на спротивната страна најефикасен беше Вембанјама со 33 поени.

Таунс постигна 62 поени за Минесота, меѓутоа тоа не беше доволно за победа против Шарлот, во чии редови најдобар беше Бриџис со 28 поени.

Останати резултати:

Далас – Бостон 110-119
Феникс – Чикаго 115-113
Сакраменто – Атланта 122-107