Ернандез: Не му се плашиме на Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тео Ернандез е среќен со пласманот во финале на Франција, а по победата против Мароко (2-0) кажа дека не му се плашат на Лионел Меси.

Франција и Аргентина ќе се судрат в недела од 16 часот во битката за трофејот на Мундијалот.

„Меси? Не му се плашиме. Аргентина има одличен тим, но имаме неколку дена да се подготвиме“, кажа Ернандез.

Ернандез го пофали тимот на Мароко, но кажа дека мислите им се насочени само кон финалето на Светското првенство.