Еурофарм Пелистер 2 продолжи договори со тројца ракометари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еурофарм Пелистер 2 почна да го собира составот за следната сезона во македонскиот шампионат, каде што ќе се натпреварува во Суперлигата и има големи амбиции.

Битолскиот клуб денеска продолжи договори на тројца ракометари, кои настапуваа за клубот во актуелната 2019/20.

Еурофарм Пелистер им ги продолжи соработките на Иван Димитровски на две години, додека Стефан Талевски и Стефан Дрогришки потпишаа едногодишен договор.

Во следниот период се очекува да ангажираат уште неколку засилувања, со кои би го комплетирале составот за следната сезона.

ФОТО: еуроф