Еурофарм Пелистер го ангажираше Ненад Костески


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот клуб Еурофарм Пелистер го ангажираше шестото засилување за следната сезона, откако го купи младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески.

Костески стави тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Момчето ја почна кариерата во Струга, а од минатата сезона играше во Хрватска, односно во екипата на ППД Загреб.

Битолскиот клуб го ангажираше и третото засилување од Македонија, откако претходно пристигнаа Кукуловски и Танковски.

Еурофарм Пелистер претходно се засили со Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ, Кушан, а продолжени се и договори со неколку сегашни ракометари.