Еве како Франција може да изгледа на ЕВРО 2020 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќинот на 15 издание на ЕП во фудбал има потенцијал за 4 години на смотрите на најдобрите од Европа да изведат “пеколен“ тим.

Во  оваа година најдобрите репрезентации на Европа ќе ги гледаме во Франција, а во 2020 година, 16 издание на Евро ќе се одржи на 13 различни земји.

Франција и кај „дома“ е фаворит, а нема сомнеж дека меѓу најдобрите селекции ќе биде доколку избори пласман и на наредното ЕП.

Голман – Алфонс – Ареола

Клуб: Пари Сен Жермен

Години:23

Младиот чувар на мрежата потекна од школата на ПСЖ, а во минатата сезона ја помина на позајмица во Виљареал.

Беше одличен во „Жолтата подморница“ и во наредната сезона ќе конкурира за место меѓу стативите во редовите на Светците.

Не се избори уште за деби во сениорската репрезентација, но нема сомнеж дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

Десен бек – Себастијан Корчија

Клуб: Лил

Години:25

Франција има проблем со десни бекови, и лекот може да се најде токму во дефанзивата на Лил. Ја одигра одлично сезоната која е позади нас, па е на “мета“ на шампионот на ПСЖ, како и на освојувачот на Лига Европа, шпанска Севиља.

Стопер – Курт Зума

Клуб: Челси

Години: 21

Блескава иднина е пред дефанзивецот на Челси. Најверојатно ќе се најдеше и на списокот на Дидие Дешан за Евро 2016, но тешката повреда го спречи во тоа.Конечно заблеска во Челси, и ќе биде еден од надежите во дефанзивата на клубот во наредните сезони.

Стопер – Рафаел Варан

Клуб: Реал Мадрид

Години:23

Нема сомнеж дека Варан би бил дел од првата постава на Франција на овогодинешниот шампионат но и него како и Зума повредата го спречи да заигра за Триколорите на смотрите на најдобрите селекции на Европа.

Во Реал никако да добие вистинска шанса, откако од клупата замина Анчелоти, но како што Пепе наполни 33 години, нема сомнеж дека наскоро и ќе добие.

Впрочем, интерес са него покажа дека и Манчестер Јунајтед, па така за младиот  Французин „нема зима“.

Лев бек – Лукас Дињ

Клуб: Пари Сен Жермен

Години: 22

Требаше да добие шанса во стартните 11 во последниот меч на Галските петли во групната фаза но не доби.

Се врати во матичкиот клуб ПСЖ од позајмица од Рома, каде што со уште еден талентиран Французин, Лајвин Курзава, ќе се бори за место за левата страна од одбраната.

Централен играч за врска – Н`Голо Канте

Клуб: Лестер Сити

Години: 25

Неизоставен дел од овогодинешниот шампион на Англија, а и Дидие Дешан не може без него.

Нема сомнеж дека ќе биде иден „мотор“ на Франција, а како што дур сега покажа што умее, нема сомнеж дека најдоброто од него допрва претстои.

Централен играч за врска – Пол Погба

Клуб: Јувентус

Години: 23

Одличниот Пол Погба е еден од најдобрите играчи за врска на денешницата. Клучниот играч на Јуве е важен шраф во четата на Дидие Дешан, а така ќе биде и во иднина.

Од него се очекува да биеде лидер на Триколорите, но како што неодамна изјави Арсен Венгер „ниеден фудбалер не беше клучен играч на Франција со своите 23 години“.

Додаде  Венгер и дека од Погба може да се очекува да биде лидер кога ќе наполни 26 години и нема сомнеж дека така ќе биде. Така Пол Лабил Погба ќе го покажи својот цел потенцијал и нема сомнеж дека сите навивачи ширум Франција тоа ги радува.

Централен играч за врска – Корентин Толисо

Клуб: Лион

Години: 21

Можеби помалку е изненадувачки неговата појава на оваа листа, но Толисо е одигра фантастична сезона во дресот на Лион, и беше еден од клучните играчи на клубот кој ја заврши сезоната како второпласиран во Лига 1. Разновиден играч е, може да игра и на позиција десен бек. Има одличен старт, се одликува и со одлична пас игра, и веќе сега е многу корисен и зрел фудбалер.

Десно крило – Антоан Гризман

Клуб: Атлетико Мадрид

Години: 25

За него треба многу да се трошат зборови. Во минатата сезона беше клучен играч на Атлетико, еден од најдобрите офанзивци на списокот на Дешан и нема сомнеж дека неговата репрезентација може да смета на него. Постигна гол во мечот со Албанија, а треба да се очекува дека мрежата до крајот на првенството ќе ја затресе уште неколку пати. На следното ЕВРО ќе има 29 години, и сигурно ќе биде еден од предводниците на Триколорите.
Напаѓач – Ентони Марсијал

Клуб: Манчестер Јунатед

Години: 20

Експлодира Марсијал во дресот на Јунајтед во годината која е позади нас. Играше добро и во Монако, но никој не се надеваше дека добро ќе се снајде во Премиер лигата. Со својата репрезентација е сега на ЕП, но не играше како што умее, но за четири години дефинитивно ќе  биде еден од најдобрите напаѓачи на Европа. Многумина го споредуваат со Тиери Анри, што доволно зборува каков потенцијал „чува“ во него.
Лево крило – Кингсли Коман

Клуб: Баерн Минхен

Години: 20

Ова момче до своите дваесет години стана шампион на Франција, Италија и Германија. Нормално во ПСЖ посебно не се истакна, а ни во Јуве не беше претерано важен во освојувањето на Скудетото, додека во сезоната која е позади нас помогна на Баварците во освојувањето на Бундеслигата. Анчелоти смета на него, како и Дешан, и нема сомнеж дека е одлична кариера пред него. Исклучително брз,л и делува дека ќе биде еден од најдобрите крилни фудбалери на светот во наредните години.