Федерер ќе стане актер? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер се појави во скеч на комичарот Тревор Ноа и ја воодушеви неговата сонародничка Белинда Бенчиќ.

Ноа и Федерер снимаа видео како се возат по швајцарските улици низ прекрасните Алпи, а интересни беа шегите на комичарот, додека поранешниот тенисер го привлекуваше вниманието со реакциите.

„Одличен глумец. Мислам дека наскоро ќе го гледаме во некој филм или нешто слично. Би кажала дека би било многу забавно, кога сте Швајцарец точно го разбирате хуморот. Знаете како возот секогаш доаѓа на време, како никогаш не можете да се возите без карта. Тоа нешто како најголемо злосторство во Швајцарија. Цело видео го гледав со насмевка на лицето“, објави Бенчиќ.