Ферари е сè уште зад Ред Бул: Тие се пред нас, но ние работиме напорно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ферари имаше успешни тестови во Бахреин пред почетокот на новата сезона, а првиот човек на тимот, Фредерик Васер кажа дека Ред Бул е фаворит за титулата.

Васер кажа дека екипата направила голем чекор во создавање на моќен болид, но сè уште е зад големиот ривал.

„Подобро е да се биде напред, но не знаеме колку гориво имале останатите, не знаеме какви поставки имале на моторот. Многу е тешко да се добие јасна слика. Сепак, Карлос и Шарл се чувствуваат добро во болидот. За нас ова е голем чекор напред. Мора помирно да ги прифатиме резултатите од тестовите. Сметам дека сè уште не сме на ниво на Ред Бул, мора да работиме напорно“, кажа Васер.