Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ферари има лош почеток на сезоната, а извршниот директор на екипата Фредерик Васер ја откри стратегијата која ќе ја користат до крајот на сезоната.
Васер зборуваше за надградба на болидот, кој ќе биде ажуриран на секоја трка до крајот на сезоната.
„Во Монако за време на викендот секогаш сакате да се фокусирате повеќе на тјунинг и пилотирање. Но, решивме да донесеме новитети кои требаше да ги пробаме на патеката во Имола. Не планираме да правиме големи ажурирања на секои пет трки, туку ќе правиме мали промени пред секоја трка“, кажа Васер.
Трката за Големата награда на Монако се вози утре од 15 часот.