Ферстапен се пожали: Многу се 24 трки во една сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен се пожали поради големиот број на трки оваа година.

Ферстапен смета дека 24 трки во една сезона се премногу за возачите во „најбрзиот циркус“ во светот.

„Јас сметам дека тоа е неприфатливо. Јас сакам трки и да се борам често, но ако луѓето почнат да си ги скратуваат кариерите затоа што е премногу за нив, тоа е срамота. Се надевам дека ќе го промениме тоа во иднина. Сега имаме 24 трки и тоа не е добро за иднината на овој спорт“, кажа Ферстапен.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне в сабота со трката за Големата награда на Бахреин.