ФИБА го смени форматот на натпреварување во Лигата на шампионите во кошарка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По најновиот развој на пандемијата КОВИД-19, Бордот на кошаркарската Лига на шампиони ја одобри промената на форматот за регуларниот дел од сезоната 2020/21.

Поточно, врз основа на информациите обезбедени од медицинската советодавна група на ФИБА за КОВИД-19 (МАГ), која ги разгледа најновите научни податоци и публикации обезбедени од Светската здравствена организација (СЗО) до ФИБА, како и мислењето на имунолошките експерти, Кошаркарскиот комитет тој одлучи да го прилагоди форматот на натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Со цел да се заштитат здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службените лица, но и да се обезбеди фер конкуренција, регуларната сезона на КЛШ ќе се игра во осум групи од по четири екипи, наместо во четири по осум екипи.

Клубовите ќе играат шест натпревари во системот „Раунд Робин“ (три натпревари на домашен терен, три на гости), со двете најдобри екипи во секоја група да се пласираат во осминафиналето.