Фјури го нокаутираше Вајт во шеста рунда (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тајсон Фјури ја одбрани светската титула во тешка категорија, откако во Лондон го совлада Дилијан Вајт во шестата рунда.

Во спектаклот пред 100.000 луѓе на стадионот „Вембли“, Фјури доминантно ја одбрани титула на најдобар боксер во ВБЦ-верзијата.

Двајцата боксери разменија сериозни удари за првпат во втората рунда, а Вајт едвај издржа до шестата рунда, кога и беше нокаутиран.

Ова беше уште еден спектакуларен меч за Фјури и докажа дека е најдобар во светот, ова му е 32. победа во кариерата и има само еден нерешен меч.