Фјури го совлада Чисора и си заработи 21 милион фунти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури на стадионот на Тотенхем во Лондон пред 60.000 гледачи ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во ВБЦ-верзија.

Фјури го истепа сонародникот Дерек Чисора, па судијата мораше да ја прекине борбата на крајот на 10-та рунда.

„Се чувствував добро. Ми требаа неколку рунди бидејќи одмарав од април. Бев во пензија и се случија многу работи во тој период. Дерек е голем воин и ми беше привилегија да се борам со него. Усик е следен“, кажа Фјури.

Светскиот шампион за победата заработи 21 милион фунти, додека на Чисора му припаднаа 3,8 милиони фунти.