Фјури ќе ја брани шампионската титула против Вајт на 23 април на „Вембли“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе ја брани титулата во ВБЦ во тешка категорија против сонародникот Дилијан Вајт, а „Скај Спорт“ објави дека спектакуларниот меч ќе се одржи на 23 април на „Вембли“.

Двајцата боксери во текот на викендот преговарале за деталите од договорот, па решиле борбата да ја одржат за два месеци од сега.

Фјури ќе добие загарантирани 30 милиони долари од бокс-мечот, додека Вајт ќе заработи 7,5 милиони долари. Исто така, победникот ќе добие и бонус од четири милиони долари.

Вајт минатата година го победи Русинот Александр Поветкин во борбата за ВБЦ-појасот, додека Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија откако во 11. рунда го нокаутираше Деонтај Вајлдер.