Флик најави дека ќе го напушти Баерн Минхен, но може да се предомисли под еден услов?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ханси Флик соопшти по натпреварот со Волфсбург дека од раководството на Баерн Минхен ќе побара да се раскине договорот.

Одличниот тренер не ја откри причината поради која сака да замине од клубот.

„Сакам да го раскинам договорот на крајот на сезоната. Ми беше важно екипата да го дознае тоа од мене. Одлуката за мене не беше лесна. Навивач сум на клубот и вечно ќе бидам благодарен за шансата која ми ја дадоа“, вели Флик.

Меѓутоа, новинарот кој го следи Баерн, Флориан Плетенберг смета дека Флик би можел да остане на баварскиот гигант и покрај неговата најава, но тоа ќе се случи само ако Хасан Салихамиџиќ си замине од клубот.

Флик го предводеше баварскиот тим на 81 меч, а притоа 67 пати славеше неговиот тим, осум пати одигра нерешено и загуби само шест пати.