Газдата на Њујорк донираше милион долари во борба против коронавирус, па се разболе од него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њујорк Никс објави дека сопственикот на клубот Џим Долан е позитивен на коронавирус. 64-годишниот Американец е во самоизолација, а оваа информација доаѓа веднаш откако донираше пари за помош во борбата против ширење на Ковид-19.

Најновите податоци на Светската здравствена организација се дека најмалку 650.000 лица во светот се заразени, а најмалку 27.000 го загубиле животот.

САД во моментот води голема битка со вирусот затоа што тие се лидери по број на заразени од Ковид-19.

Најмалку 10 кошаркари во НБА се заразени, меѓу кои Руди Гобер, Донован Мичел, Кристијан Вуд, Маркус Смарт, Кевин Дурант и двајца непознати кошаркари од Лејкерс.