„Газета“ обвинува: Српско-француски заговор е причина за победата на Ц. Звезда!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црвена Звезда со 3-1 славеше против Олимпијакос во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони, но грчките медиуми пишуваат дека постои српско-француски заговор и дека мечот е наместен.

„Газета“ објави дека судијата Беон Бастилјен е виновник за тоа што се случувало на мечот. Тој исклучил фудбалер на грчката екипа во 58. минута, а не му покажал црвен картон на Марко Марин поради намерен удар.

Тоа води до заклучок на Грците дека Србите се договориле со Французите да си помагаат преку судиите, иако нема многу основа за такви обвинувања, освен тоа што Милорад Мажиќ досудил пенал за Франција во финишот на мечот против Германија, а наводно тогаш паднал договорот меѓу двете страни.