Гласникот на Реал Мадрид ја наведна главата и призна: Веќе ова утро Меси треба да ја добие „Златната топка“… (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет е воодушевен со фантастичната партија на Лео Меси. Аргентинецот брилјираше и го остави Ливерпул без трошка надеж во реваншот.

„Лесно е да играте и да славите кога во екипата го имате Меси“, гласи само еден од многубројните коментари по мечот на „Камп Ноу“.

Тешко е да се каже дека е лесно, но кога го имате Меси навистина се чувствувате сигурно. Само милиметар простор и стотинка време е доволна за мајсторија.

Така беше и синоќа. Се поигруваше легендардниот Аргентинец со ѕвездите на Ливерпул, а за фантастичната партија на целиот тим, пишува и шпанска Марка, која е позната како гласник на лутиот ривал, Реал Мадрид.

Иако штотуку почна петтиот месец во оваа година, Марка пишува дека не треба да се чекаат уште осум за одлуката околу најдобриот играч на светот за 2019. година.

„Веќе ова утро Меси треба да се закити со Златната топка“, пишува нивната насловна страна.