Ѓоковиќ доби дозвола да настапи во Монте Карло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби дозвола за да игра на Мастерсот во Монте Карло, кој ќе се одржи од 10 до 17 април, па така по долга пауза повторно ќе се врати на тениските терени.

Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија на почетокот на годината затоа што не е вакциниран, па играше само на турнирот во Дубаи, каде што не се прослави и беше елиминиран во четвртфинале.

„Новак ќе ја отвори сезоната на земја во Монте Карло, каде што победи во 2013 и 2015 година. Минатата сезона, Ѓоковиќ во Монте Карло испадна во третото коло од Даниел Еванс“, беше објавено на официјалната страна на Србинот.

Ѓоковиќ потоа ќе настапи на Србија Опен, турнир кој ќе се одржи во период од 18 до 24 април.