Ѓоковиќ е најдобар на Вимблдон по една работа, а Надал не му е ниту блиску


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон, каде што ќе има шанса да ја продолжи серијата од 21 победа по ред во Лондон.

Главен противник ќе му биде Рафаел Надал, кој ја брка третата титула на гренслем-турнирите оваа сезона.

Меѓутоа, на Вимблдон фаворит ќе биде Ѓоковиќ, а во прилог му оди најголемиот процент на победи кои ги има Србинот.

Ѓоковиќ во кариерата славеше на 79 меча на Вимблдон, а загуби 10 пати, па така има процент на успешност од 88,76 отсто.

Втор кој е најуспешен е Роџер Федерер со 88,24 отсто, односно 105 победи и 15 порази, додека далеку зад нив е Надал со 81,54 отсто успешност.