Ѓоковиќ елиминиран уште на стартот на Монте Карло!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ неочекувано беше поразен на стартот на Мастерсот во Монте Карло од Алехандро Давидович Фокина со 1-2 во сетови.

Неверојатни пресврти се случуваа во текот на мечот, а шпанскиот тенисер беше поблиску до победата и успеа на крајот да го надигра Србинот.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 3-6, по што едвај славеше во тај-брејк со 7-6, но потоа целосно беше декласиран во третиот сет со 1-6.