Ѓоковиќ: Јас не сум најдобриот светски тенисер во моментов, туку тоа е – Синер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кажа дека не чувствува во моментов дека е најдобар, туку тоа признание му го даде на Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ смета дека Јаник Синер научил многу од грешките и почнал да победува, но и да освојува турнири.

„Јаник е најдобриот играч во светот оваа сезона. Имаше неверојатен успех сезонава. Многу е подобар од претходно. Ги поправи грешките, научи многу и сега е играч за големи натпревари“, кажа Ѓоковиќ.