Ѓоковиќ: Ми се преврте желудникот кога дојдов во Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утре ќе ја почне одбраната на титулата на Австралијан опен, а на прес-конференцијата за новинарите даде коментар за хоророт низ кој мораше да помине пред две години за време на пандемијата на ковид-19.

Ѓоковиќ дури 10 пати го освои Австралијан опен, но за време на пандемијата заврши во имиграциски хотел затоа што не беше вакциниран.

„Кога се вратив во Мелбурн, дојдов на терминалот каде што бев пред две години. Го видов цел пат кој го поминав во имиграцискиот дел. Дури го препознав и човекот кој беше таму, се чувствував лошо, ми се преврте желудникот“, кажа Ѓоковиќ.