Ѓоковиќ се откажа од Синсинати, нема да игра ниту на Ју-Ес опен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати, кој се игра следната недела, а тоа најверојатно значи дека ќе ја пропушти цела турнеја во САД.

Шампионот нема да има шанси да брка трета титула на Синсинати поради правилата за влез во Америка, според кои невакцинираните странци не смеат да влезат во државата.

Ѓоковиќ не играше ниту минатата година на овој Мастерс поради подготовките за Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Ова отсуство од турнирот најверојатно ќе значи дека Ѓоковиќ нема да игра на Ју-Ес опен и ќе остане без можност да се бори за неговата 22. гренслем-титула.