Ѓоковиќ во Рим постави уште еден неверојатен рекорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас во финалето на Рим со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 7-6.

Ѓоковиќ стана највозрасниот тенисер кој го освоил турнирот со 34 години, 11 месеци и 23 дена.

Претходниот рекорд го имаше Рафаел Надал, кој лани го победи Ѓоковиќ во финалето во Рим, а тогаш имаше само 10 дена помалку отколку сега што има Србинот.

Српскиот тенисер го освои Мастерсот во Рим по шести пат во кариерата, а ова воедно му е 38. титула на Мастерс-турнирите.

Ѓоковиќ со победа ја најави трката за трофејот за Ролан Гарос, која почнува на 22 мај.