Гркот Циципас го освои првиот турнир на трева, па скокна во базен (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Мајорка славеше против Роберто Баутиста-Агут со 6-3, 3-6 и 7-6, па така ја освои првата титула на трева.

Баутиста-Агут за првпат од 2014 година настапи во финале на натпреварување на трева, а за Циципас тоа беше 21. финале во кариерата, но прво на трева, па притоа го освои својот деветти трофеј во кариерата.

По освоената титула, шестиот тенисер во светот реши да се забавува, па скокна во базен за да ја прослави титулата од Мајорка.