Грнчаров со остра реакција на Фејсбук: За ова што се случува во Вардар е виновен – еден човек!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар се наоѓа во тешка ситуација откако бизнисменот Сергеј Самсоненко најави дека ќе го врати клубот на Град Скопје, но од таму реагираа дека тоа може да се случи само доколку претходно бидат вратени долговите.

Поради тоа, реагираше поранешниот фудбалер на Вардар, Бобан Грнчаров со статус на Фејсбук.

„Многу ми е смешно кога гледам коментари град Скопје да помогнел на ФК Вардар. Како прво како Вардар бара помош од град Скопје кога должи над два милиони евра, затоа што кога земаа пари од Европа над пет милиони, не кажаа ај ќе поделиме со град Скопје, за утре да ни помогнат и тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, единствено за ова што се случува во моментов е виновен еден човек и тојт реба тоа да го реши сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ, парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, па помош нека бараат од таму“, напиша Грнчаров.