Грожан мина низ пекол: Се сетив на Ники Лауда, моите деца и си реков – не смее вака да заврши!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Возачот на Хас, Роман Грожан мина низ вистински пекол на последната трка во Бахреин, кога неговиот болид заврши во ѕидот и експлодираше.

сцената беше навистина страшна, а Грожан беше 27 секунди во огнот, по што искочи од него и заработи изгореници на рацете и глуждовите, па може да биде среќен што е жив.

„Се сетив на многу работи, но и на Ники Лаудa, си помислив – нема шанси да завршам вака! Поради моите деца си кажав дека морам да излезам. Ги ставив рацете во оган и ги изгорев. Бев повеќе исплашен за моите пријатели и семејство, како и за моите деца кои се мој извор на гордост. Среќен сум што денес сум жив. Имам потреба да се вратам во визолото, ако е можно веќе во Абу Даби. Ова е како да се родив по вторпат, дефинитивно тој ден ќе остави трага во мојот живот“, кажа Грожан.