Гвардиола добива петто засилување за 17,5 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити планира да се засили со уште еден фудбалер до крајот на летниот преоден рок, а изборот падна на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.

„Граѓаните“ веќе се засилија со неколку фудбалери, но тренерот Пеп Гвардиола има проблеми во одбраната затоа што се повредени Ајмерик Лапорт и Нејтан Аке.

Сити за 27-годишниот дефанзивец ќе плати само 17,5 милиони евра бидејќи Аканџи има само уште една година од договорот со Дортмунд.

Ова треба да биде петто засилување за „граѓаните“, кои претходно ги купија Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Серхио Гомез и Стефан Ортега.