Гвардиола се брани по нападите: Не можевме да си ги дозволиме Санчез и Мегваер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот за спортска арбитража ја поништи одлуката на Европската фудбалска федерација (УЕФА) за исфрлување на Манчестер сити од Европа.

„Граѓаните“ ја добија жалбата пред Судот, па и понатаму ќе може да настапуваат во европските натпреварувања, иако според одлуката на УЕФА го прекршиле финансискиот фер-плеј.

Тренерот на премиерлигашот, Пеп Гвардиола јасно тврди дека неговиот тим не прекршил никакви правила и вели дека и другите имаат пари.

„Имаме многу пари и сакаме да се засилиме. Сакавме да го купиме Алексис Санчез, но не можевме да си го дозволивме. Сакавме да го купиме Хари Мегваер, но не можевме да платиме колку што плати Манчестер јунајтед. Да, имаме пари, но имаат и другите“, вели Гвардиола.